
Кинескиот производител на автомобили BYD планира да продаде половина од своите возила надвор од Кина до 2030 година, потпирајќи се на проширување во Европа и Латинска Америка. Ова би ја рангирало кинеската компанија меѓу најголемите светски производители на автомобили, рамо до рамо со брендовите Тојота и Фолксваген.
Иако BYD забележа огромен раст на домашен пазар благодарение на прифатливите електрични и хибридни модели, тој останува исклучен од американскиот пазар поради високите тарифи и ограничувања. Сепак, раководството на компанијата верува дека може да го повтори кинескиот успех во странство, пренесува Ројтерс.
Глобалната продажба на возила на BYD се зголеми од помалку од 430.000 автомобили во 2020 година на нивоа блиску до оние на Ford и GM. Во 2024 година, BYD го надмина Volkswagen и стана најпродаван бренд во Кина. Исто така, е на добар пат да ја престигне „Тесла“ во продажбата на електрични возила.
Компанијата инвестира во фабрики низ целиот свет, во Унгарија, Турција, Тајланд и Бразил, проширувајќи го своето присуство на европскиот пазар, каде што во првиот квартал од 2025 година беа продадени повеќе од 37.000 возила, со удел од 4,1 процент на пазарот на електрични возила.
Успехот на BYD предизвика загриженост кај конкурентите како што се Tesla и Ford, додека странските влади, особено во ЕУ и САД, се обидуваат да ги заштитат домашните производители со воведување царини и ограничувања за кинеските автомобили и технологија.











