Доларот под притисок, цените на нафтата малку пораснаа

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово се лизна на 99,55 поени, додека вчера во ова време изнесуваше 99,94 поени.

Во исто време, курсот на американската валута во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 144,30 на 143,30 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото се искачи на 1,1330 долари, додека вчера во ова време изнесуваше 1,1290 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, малку се зголемија, по вчерашниот остар пад. Цената на барелот на лондонскиот пазар утрово зајакна за 0,06 проценти, на 64,95 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се зголеми за 0,16 проценти, на 61,65 долари.