
„Адидас“ и „Пума“ веројатно ќе го следат примерот на „Најк“ во зголемувањето на цените на патиките и спортската облека во САД, бидејќи увозните царини ги зголемуваат малопродажните трошоци, соопштија денес аналитичарите и инвеститорите.
„Најк“, најголемата компанија за спортска облека според продажбата и пазарната вредност, во средата изјави дека следната недела ќе ги зголеми цените, наплаќајќи до 10 долари повеќе за обувки кои моментално чинат повеќе од 150 долари, објави „Ројтерс“.
Роберт Кранковски, аналитичар кој ја следи ситуацијата со спортската опрема, наведува дека ова бил моментот што го чекале „Адидас“ и „Пума“.











