Нова авиолинија од Скопје до Ларнака од 31 октомври

Министерот за транспорт Александар Николоски објави дека од Меѓународниот аеродром Скопје од 31 октомври се воведува нова авиолинија до Ларнака во Кипар.

– На пат кон Охрид за одбележувањето на празникот Св. Кирил и Методиј сакам да споделам информација за нова авиолинија. Од 31.10.2025 започнува новата авиолинија Скопје – Ларнака Кипар. Ова е 11-та нова линија за 10 месеци, напиша Николовски на Фејсбук.