„Стелантис“ со нов директор во клучен момент за автомобилската индустрија

Мултинационалната автомобилска компанија „Стелантис“ го назначи Антонио Филоса, претходно директор за операции за Северна Америка, за нов извршен директор на компанијата.

Во соопштението се наведува дека Филоса официјално ќе ги преземе извршните овластувања на 23 јуни, а претходно ќе биде избран во одборот на директори на вонреден состанок на акционерите.

„Голема чест е да бидам назначен за извршен директор на оваа извонредна компанија“, рече Филоса, додавајќи дека доаѓа во „Стелантис“ во „клучен момент за целата индустрија“.