
Американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“ постигна спогодба за партнерство со „Амазон“ за лиценцирање на својот уредувачки материјал за тренирање на вештачката интелигенција.
Според објавата, содржината на „Њујорк тајмс“ ќе биде вклучена во голем број на кориснички сервиси и производи на „Амазон“.
Спогодбата опфаќа и текстови од весникот, како и рецепти од кулинарската платформа (NYT Cooking) и спортскиот веб-сајт (The Athletic).
Финансиските поединости за соработката не беа откриени, но се споменува дека тоа е прв ваков договор што „Амазон“ го склучил со издавач.Компанијата за развивање на вештачката интелигенција „Опен АИ“ во меѓувреме постигна слични договори со голем број на значајни медиуми како што се „Вашингтон пост“, „Атлантик“, „Гардијан“ и германската медиумска групација „Аксел Спрингер“.











