
Централната банка на Норвешка денес ја намали референтната каматна стапка на 4,25 проценти, што е прво намалување на стапката за пет години.
Како што објави Ројтерс, оваа одлука ги изненади повеќето аналитичари кои очекуваа задржување или евентуално зголемување на каматните стапки.
Централната банка изјави дека условите во економијата се промениле, со послаби индикатори за раст и инфлација, како што е наведено, што влијаело врз намалувањето на каматната стапка.
Фото: Pixabay