Лекот за рак на белите дробови на „АстраЗенека“ доби одобрение од американските регулатори

„АстраЗенека“ и нејзиниот партнер Даичи Санкио добија одобрение од американските регулатори за нивниот лек „Датровеј“, наменет за лекување на одреден вид рак на белите дробови.

„Датровеј“ (Datroway) е одобрен во САД, најголемиот фармацевтски пазар во светот, за третман на напреден карцином кај возрасни кои веќе примиле терапија, соопшти „АстраЗенека“ во вторник, додавајќи дека ова е првата таква терапија што е одобрена за рак на белите дробови во земјата.

Станува збор за вид на лек кој е дизајниран да ги таргетира само клетките на ракот, а да ги поштеди здравите, за разлика од конвенционалната хемотерапија.

Делува со таргетирање на протеинот TROP2 кој се наоѓа на површината на туморските клетки кај многу видови рак и веќе е одобрен за лекување на една форма на рак на дојка.

„Ова прво одобрување на Датровеј за третман на рак на белите дробови носи многу потребна опција за третман кај пациенти со напреднат рак мутиран на EGFR, чија болест станала отпорна на претходните терапии, без оглед на предизвикувачката мутација“, рече Дејв Фредриксон, извршен директор на АстраЗенека.

АстраЗенека и јапонската Даиичи имаат долгогодишна соработка за развој на терапии за рак, која започна со лекот Енхерту, по што во 2020 година склучија договор за заеднички развој и комерцијализација на она што сега е познато како Датровеј, во договор вреден околу шест милијарди долари.

Англо-шведската фармацевтска компанија, објави Ројтерс, во вторник објави дека ќе му исплати на Даичи 45 милиони долари врз основа на исполнување на условите поврзани со одобрувањето на лекот во САД.

Патем, минатата година, АстраЗенека ги зголеми своите приходи за 18 проценти на 52,2 милијарди евра, додека вкупната продажба на нивните производи се зголеми за 16 проценти и достигна 49,1 милијарди евра.

Фото: Pixabay