Mercedes-Benz бележи нови продажни рекорди

22

Mercedes-Benz-Германскиот производител Daimler соопшти дека неговата подружница Mercedes-Benz, во ноември забележала нов продажен рекорд од 133.441 возила. Тоа е за 10,9% повеќе споредено со истиот месец минатата година, а сето тоа е благодарение на новиот модел на Е-класа, како и растот на кинескиот и американскиот пазар.

Во периодот од јануари до ноември, Mercedes-Benz ја зголемиле продажбата за 10,7% во однос на истиот период лани, па вкупниот број на продадени возила бил 1,32 милиони, што исто така е рекорден резултат.

“Веќе го достигнавме обемот на продажба од 2012 година, а меѓу луксузните автомобили остваривме најголем раст од почетокот на годината“, изјави Ола Калениус, член на Управувачкиот одбор на компанијата.