„Организацијата Трамп“ планира да изгради кула во Букурешт

Семејната компанија на американскиот претседател Доналд Трамп, „Организацијата Трамп“, ќе ги здружи силите со романската компанија за недвижности „SDC Imobiliare“ за изградба на кула со луксузни станови во Букурешт, објавија  двете компании.

„Трамп кулата во Букурешт ќе биде изградена во срцето на романската престолнина, еден од најживописните и динамичните пазари во развој во Европа, носејќи луксузни резиденции со брендот Трамп во регионот“, се вели во соопштението на компаниите, објавено од Ројтерс.

Во соопштението не е наведено каде ќе се гради луксузната зграда, ниту кога ќе започне работата на објектот, кој е брендиран како луксузен станбен комплекс.