Ивица Мудриниќ од ХТ заминува во Deutsche Telekom

36

mudrinicИвица Мудриниќ поднесе оставка на местото на претседател на Управата на Хрватски телеком (ХТ) на денешната седница на надзорниот одбор, за да ја прифати позицијата на виш потпретседател во Deutsche Telekom. Надзорниот одбор на негово место го именува Давор Томашковиќ, кој должноста претседател на Управата на ХТ ќе ја преземе на 1 јануари 2014 година, со мандат од четири години, јавуваат хрватските медиуми.

Ивица Мудриниќ на чело на ХТ беше цели 15 години. Претседателот на Надзорниот одбор Марк Клајн изјави дека фактот што Мудриниќ заминува во DT во Бон најдобро покажува колку ги ценат неговите успеси, работа и знаење и додаде дека е уверен дека во овие предизвикувачки времиња, Давор Томашковиќ е најдобриот избор за нов претседател на Управата на ХТ.