
Европската комисија го презентираше буџетскиот план на Европската Унија, кој изнесува два трилиони евра за следните седум години, изјави комесарот за буџет на ЕУ, Пјотр Серафин.
Буџетот го опфаќа периодот од 2028 до 2034 година, а нацртот треба да биде одобрен од сите 27 земји-членки, како и од Европскиот парламент за да биде усвоен.
„Ова е буџет за денешната реалност, како и за утрешните предизвици. Продолжуваме да работиме со Европскиот парламент, земјите-членки и претприемачите“, изјави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на заедничката прес-конференција.
Нацрт-буџетот превидува пет пати повеќе средства за одбрана, што фон дер Лајен го гледа како одраз на тоа колку ЕУ е загрижена за безбедноста и сигурноста на своите граѓани и влади.
Дополнително, нацрт-буџетот предвидува средства од околу 400 милијарди евра за механизми во случај на криза.
Таа истакна дека буџетот за прашања поврзани со миграцијата и управувањето со границите е тројно зголемен.
„Нацрт-буџетот за прв пат им дава можност на земјите-членки да инвестираат во рамките на ЕУ до вкупна инвестициска вредност до 150 милијарди евра“, рече фон дер Лајен.
Според нацрт-буџетот, 35 проценти од буџетот е наменет за климата и биодиверзитетот, а околу 100 милијарди евра ќе бидат издвоени за помош на Украина.
Таа изјави дека финансирањето на планираниот буџет ќе дојде преку користење на нови приходи, но и дека средствата… на земјите-членки за блокот ќе останат „стабилни“.
Претседателот на ЕК подвлече дека целото финансирање од ЕУ го почитува владеењето на правото.