Јужноафриканската групација Steinhoff International го заврши процесот на преземање на познатиот ланец на продавници за мебел Кика, со што стана сопственик на овој бренд во седум земји, вклучувајќи ја и Хрватска.
Steinhoff група е втора по големина компанија во светот за производство и продажба на мебел после Икеа. Од 2011 година е сопственик на францускиот бренд Conforama Holding, кој воедно е втор најголем малопродажен ланец на продавници за мебел и производи за уредување на домот во Европа.
Икеа следната година треба да ја отвори својата прва продавница во Хрватска, а со преземањето на австриска Кика, веќе добива голема конкуренција на хрватскиот пазар, пишуваат хрватските медиуми.
Австриската компанија Кика минатата година ја заврши со приход во висина од 1,2 милијарди евра.