Има одредени сектори во владиниот кабинет кои навистина се посветени кон капиталните инвестиции, вели Ангеловски

Има одредени сектори во владиниот кабинет кои навистина се посветени кон капиталните инвестиции. Тоа треба секогаш да биде прв приоритет на секоја Влада – доколку немате исполнување на капиталните инвестиции, се поставува елементарно прашање: што таа Влада сторила во нејзиниот мандат? Доколку само распоредувала социјални трансфери, тие по дефиниција на нештата, мора и треба да бидат распределени, но капиталните инвестиции се нешто кое дефинитивно ја определува активноста на таа Влада и тој кабинет. Капиталните инвестиции немаат алтернатива, вели Трајан Ангелоски – претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија во разговор за „Локално“.

Со оглед дека е изборна година, а растот и економијата секогаш се на удар кога во земјата има избори, во однос на тоа дали очекува менување на проекциите за раст на БДП до крајот на оваа и почетокот на следната година, Ангелоски предупредува дека досега имало влијание, меѓутоа како одминува времето, очекува економијата да станува се понезависна за разлика од политичките случувања и на тој начин, не би рекол дека очекувам дека претерано влијание од политички аспект на растот на БДП.

-Мислам дека ќе биде движен од капитални инвестиции, од инвестиции во приватниот сектор, од глобалните случувања во Европа и светот. Не сметам дека локалните политички случувања ќе имаат круцијална улога во растот на БДП, вели Ангелоски.