Fiat ќе потроши девет милијарди евра за нови модели

57

fiat-500Италијански Fiat ќе инвестира девет милијарди евра во нови модели. Најголем дел од инвестицијата ќе биде употребен за опоравување на производството во Италија, а главна цел е да се подобрат резултатите од продажбата во Европа, каде оваа групација работи со загуба, јавува Блумберг.

Најмногу корист од новите “Made in Italy” инвестиции ќе имаат Maserati и Alfa Romeo, чии нови модели ќе се произведуваат во Италија. Според извори од компанијата, со нови модели ќе биде освежен и Fiat, а фокусот ќе биде ставен на моделите Fiat 500 и Panda. Во плановите на Fiat е наместо Punto, на пазарот да понуди ново возило со пет врати од фамилијата 500, кое ќе се произведува во Полска.