Бројот на банкроти во Германија е највисок во последните речиси 20 години, а најмногу ги погодува малите компании

Бројот на банкроти во Германија повторно значително се зголеми, на највисоко ниво во речиси 20 години, а дополнително влошување се очекува во текот на есента, објавија денес аналитичарите од Институтот за економски истражувања во Хале (IWH).

Во јули, во Германија се регистрирани 1.588 банкроти кај правни лица, што е за 12 проценти повеќе отколку во јуни, а дури и за 64 проценти повеќе во споредба со просекот од јули пред пандемијата (во периодот 2016 – 2019 година).

Ако ги исклучиме рекордните податоци за април, бројот на банкроти во Германија е на највисоко ниво во последните 20 години во јули, објавува Wirschaftsvohe.