Дефицит на работна сила: Се отвори „патот“ за увоз на странци, ЕУ „признава“ дека тие ја „крепеле“ евроспката економија!

Близу 8.500 работни места официјално има на домашниот пазар на труд. Бројката варира и во одредени месеци се доближува до скоро 10.000. Македонија веќе се соочува со дефицит на квалификувана работна сила и овој проблем од акутен стана хроничен. Неодамна беа усвоени законски измени кои го таргетираат пазарот на труд  – административни олеснувања за вработување на странци и зголемување на бројот на странски државјани кои ќе можат да работат на „државни проекти“.

„Квотата за странски државјани  не може годишно да надминува 5% од населението на РСМ кое законски е вработено, според податоците на ДЗС“ – стои во законските измени.

Според последните достапни податоци од Заводот за статистика во земјава се регистрирани 702.410 вработени. Пресметката на „Локално“ покажува дека максималното исполнување на годишната квота од 5% би значела привремени вработувања на околу 35.120 странци. Дефицитот на работна сила стана голем проблем за домашниот бизнис поради повеќе причини – траен одлив на кадар во странство,  сезонски вработувања на наши државјани во земјите од опкружувањето, особено во Грција, Хрватска, Словенија, а во изминатите години проблемот се заостри и поради почетокот  на градежни работи на повеќе автопатски делници за што се потребни поголем број на работници од различни профили.

Целиот текст на Локално.мк