Шведска планира да го преполови ДДВ-то на храната

Шведската влада планира да го преполови ДДВ-то за храна во предлог-буџетот за 2026 година, изјави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Тој на прес-конференцијата изјави дека се планира ДДВ-то за храна да се намали на шест проценти, објави Ројтерс.

Вицепремиерот Еба Буш истакна дека намалувањето на ДДВ ќе биде привремено и треба да биде во сила од април 2026 до декември 2027 година.

Според неа, станува збор за реформа чија цел е да им помогне на семејствата во Шведска, „кои минуваат низ најтешкиот период“.