Европа ќе се тресе- Шефот на „Газпром“ испрати „ледено“ предупредување до ЕУ

Европската Унија би можела да се соочи со голем недостиг на гас доколку регионот биде погоден од студена зима, предупреди извршниот директор на Газпром, Алексеј Милер.

Повикувајќи се на податоци од компанијата Гас Инфраструктура Европа (ГИЕ), „Газпром“ објави дека до крајот на август, само две третини од гасот повлечен од европските складишта минатата зима бил надоместен, по пет месеци инјектирање. Недостатокот од 18,9 милијарди кубни метри беше втор најголем досега регистриран за тој датум.

Газпром, поранешен главен снабдувач на ЕУ, драматично го намали својот извоз во ЕУ пред три години, по западните санкции и саботажата на гасоводот Северен тек. Рускиот гас сочинуваше 40 проценти од вкупниот увоз на ЕУ пред ескалацијата на конфликтот и воведувањето на еднострани санкции од страна на Брисел.

– Сега гледаме како ситуацијата се влошува. Разговаравме за тоа. Ќе помине уште една година, а каде би можела да оди? Ова би можело да стане вистински проблем, дури и ако зимата е обично студена – изјави Алексеј Милер за руската новинска агенција ТАСС.

Милер предупреди дека ЕУ не го разбира целосно обемот на предизвиците поврзани со полнењето на подземните складишта за гас пред грејната сезона и дека останува малку време за решавање на овој проблем. ЕУ увезува речиси 90 проценти од природниот гас, а Русија сè уште снабдува значителен дел и покрај санкциите.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, објави план за постепено укинување на руската нафта и гас до 2027 година како дел од стратегијата „RipowerEU“, која има за цел да го забрза преминот кон обновливи извори на енергија, пишува RT Balkan.

На планот се спротивставија Унгарија и Словачка, кои се во голема мера зависни од рускиот гас. Братислава првично го блокираше 18-от пакет санкции на ЕУ насочени кон енергетскиот и финансискиот сектор на Русија, наведувајќи ризици од недостиг и скокови на цените, додека Будимпешта се приклучи на ветото и инсистираше на отстапки во врска со енергетиката и правилата на „RipowerEU“. Блокот конечно го усвои пакетот во август откако го надмина противењето од двете земји.

Москва ги нарече мерките самоуништувачки, обвинувајќи ги за вртоглаво зголемување на цените на енергијата и слабеење на економијата на ЕУ.