
Извршниот директор на „Небиус“, Аркадиј Волож, кој поседува 13 проценти од акциите во компанијата, станал побогат за 1 милијарда долари и неговиот удел сега вреди 2,9 милијарди долари, објавува „Блумберг“.
Вредноста на уделот на Волож во Небиус значително се зголеми од јануари, кога изнесуваше 630 милиони долари.
Аркадиј Волож, поранешниот директор и основач на Јандекс, се повлече од Русија по санкциите на Европската Унија воведени во 2022 година и продажбата на рускиот дел од Јандекс на група блиска до Кремљ во јули 2024 година за 5,2 милијарди долари.
После тоа, холдинг компанијата во Холандија беше преименувана во Небиус, со фокус на инфраструктурата за вештачка интелигенција.
Аркадиј Волож, кој има руско и израелско државјанство, претходно се обиде да се дистанцира од Русија и јавно ја критикуваше војната на Москва против Украина, кога изјави дека тоа е „варварска инвазија“.
Тој првпат беше вклучен во списокот на санкции против руски поединци и субјекти во јуни 2022 година, но Европската унија ги укина мерките против него во март 2024 година, објавија медиумите.
Фото: Принтскрин











