Европските акции растат по договорот меѓу САД и Кина за TikTok

Акциите на европските берзи  пораснаа, што првенствено беше под влијание на веста за договор меѓу Соединетите Американски Држави и Кина на платформата за социјални медиуми TikTok.

На крајот од вчерашното тргување, пан-европскиот STOXX 600 порасна за 0,4 проценти, францускиот CAC 40 за 1,0 процент, а индексот DAX на Франкфуртската берза доби 0,2 проценти, додека лондонскиот FTSE 100 падна за 0,1 процент, објави CNBC.

Акциите на фармацевтската компанија Novo Nordisk со седиште во Копенхаген пораснаа за 2 проценти откако Европската агенција за лекови одобри еден од постојните орални лекови за дијабетес на компанијата за употреба во третманот на кардиоваскуларни проблеми.

Од друга страна, данскиот развивач на енергија од ветер Orsted падна за повеќе од еден процент откако фирмата откри планови за собирање нов капитал.

Фирмата соопшти дека ќе собере 60 милијарди дански круни (осум милијарди евра) со издавање нови акции по цена од 66,60 дански круни по акција, што е попуст од 67 проценти во однос на цената на затворање во петокот од 200 дански круни.

Најновите податоци за инфлацијата во Велика Британија ќе бидат објавени во среда пред состанокот на Банката на Англија во четврток, каде што не се очекува намалување на каматните стапки.