УДГ доби сертификат за квалитетно високо образование

56

Универзитетот Гоце Делчев (УГД) ги прими сертификатите за применување на системот за управување во согласност со ИСО 9001:2008.

„По неколку години напорна работа, Универзитетот успеа своите процеси и начинот на управување да ги доведе до ситуација на сертификација. Со помош на ТИФ НОРД од Германија добивме сертификат за сите процеси на Универзитетот. Ова е голем дострел за нас и на некој начин е интернационализација и признавање на сите постапки што ги врши УГД и нормално услугите што ги даваме и нудиме на пазарот. Сето тоа сега е сертифицирано и одобрено од меѓународна сертификациска куќа”, изјави ректорот на УГД, проф. д-р Саша Митрев.
Стојан Јовков, претседател на сертификациската куќа ТИФ НОРД изјави дека е чест да се соработува со УГД.
„Тоа е еден чекор поблизу до признавање на дипломите од вашиот Универзитет во целиот свет. Ова значи дека вие произведувате сертифицирани специјалисти”, додаде Јовков.
Директорот на првото домашно сертификациско тело МКД сертификат, Зоран Василевски истакна дека се задоволни од тоа што го сертифицираат Универзитетот Гоце Делчев.
Универзитетот Гоце Делчев е првиот универзитет во државата што доби меѓународен сертификат за процедурите и правилата на работа.