
Американскиот производител на автомобили Форд објави дека ќе намали до 1.000 работни места во производството на електрични автомобили во германскиот град Келн поради слаба побарувачка.
„Во Европа, побарувачката за електрични возила е сè уште далеку под прогнозите на индустријата“, се вели во соопштението на компанијата, пренесува Ројтерс.
Како резултат на тоа, Форд ќе премине на работа во една смена во фабриката во Келн од јануари 2026 година, што ќе доведе до намалување на бројот на вработени. На работниците погодени од мерката ќе им бидат понудени пакети за доброволно откупување.
Долго време, компанијата спроведува голема реконструкција на своите операции во Германија, што влијае на илјадници работни места, вклучувајќи ја фабриката во Келн, како и фабриката во Зарлуј, која е пред затворање.
Фото: Pixabay











