
Цените на златото денес достигнаа нов рекорд и надминаа 3.850 долари за унца, бидејќи инвеститорите стравуваат од можно затворање на федералната влада во Соединетите Американски Држави и бараат безбедни засолништа за својот капитал.
Доколку Конгресот на САД не го усвои буџетот до крајот на денот, голем број американски владини агенции ќе се затворат, што би можело да го одложи објавувањето на клучните економски индикатори, вклучувајќи го и извештајот за вработување во приватниот сектор на ADP за септември, закажан за среда.
Дополнително, инвеститорите ја следат стапката на невработеност во Соединетите Американски Држави за септември, која ќе биде објавена во петок. Овој индикатор се смета за клучен за идните одлуки на Федералните резерви за каматните стапки, објавува швајцарскиот инфо портал.