Глобалните инвестиции во вештачка интелигенција би можеле да достигнат 2,8 трилиони долари до 2029 година

Американската „Ситигруп“  ја зголеми својата прогноза за инвестиции од страна на големите технолошки компании во вештачка интелигенција на повеќе од 2,8 трилиони долари до 2029 година, што е значителен скок во однос на претходната проценка од 2,3 трилиони долари.

Причината се агресивните рани инвестиции во центри за податоци, како и зголемената побарувачка на корпорациите за решенија базирани на вештачка интелигенција.

Главните играчи како „Мајкрософт“, „Амазон“ и „Алфабет“ продолжуваат да инвестираат милијарди долари во изградба на нови капацитети, и покрај пазарните превирања предизвикани од моделот на „Deep seek“ на Кина и тарифната политика на американскиот претседател Доналд Трамп, објавува „Ројтерс“.