Годишната инфлација во еврозоната се искачи на 2,2 проценти во септември

Годишната инфлација во Еврозоната, според прелиминарните проценки, се зголеми во септември од два процента во август на 2,2 проценти, објави денес Евростат.

Во услужниот сектор на Еврозоната, во септември е забележана инфлација од 3,2 проценти на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со 3,1 процент во август.

Цените на храната, алкохолот и тутунот се зголемија за три проценти на годишно ниво, со побавно темпо од 3,2 проценти во август, а цените на индустриските стоки освен енергијата за 0,8 проценти на годишно ниво, исто како и во август.