
Европските компании што развиваат вештачка интелигенција (ВИ) се соочуваат со притисок да бидат во чекор со брзите иновации на американските модели, но капиталот на инвеститорите продолжува да оди првенствено во Соединетите Американски Држави, пишува денес CNBC.
Според анализата на тој телевизиски канал, во првата половина од 2025 година, компаниите што развиваат генеративна вештачка интелигенција привлекле 49,2 милијарди долари инвестиции, од кои компаниите од Соединетите Американски Држави сочинуваат 97 проценти од вредноста и 62 проценти од вкупниот број инвестиции.
Европа успеа да привлече само два проценти од вредноста на инвестициите, но 23 проценти од вкупниот број инвестиции.











