
Извршниот директор на њујоршката инвестициска банка Голдман Сакс, Дејвид Соломон, денес изјави дека очекува растот на американската економија да се забрза во 2026 година благодарение на стимулативните мерки и зголемените трошоци во технолошкиот сектор, вклучително и проектите во областа на вештачката интелигенција.
Тој верува дека овие фактори ќе го надминат влијанието на послабиот пазар на трудот и геополитичката нестабилност, објавува Блумберг.
Соломон истакна дека владините инвестиции и изградбата на инфраструктура за вештачка интелигенција ја одржуваат американската економија во солидна форма, и покрај увозните тарифи и бавното домашно вработување.











