
Ријад, Москва и шест други членки на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) вчера за време на онлајн состанок одлучија да ги зголемат своите квоти за производство за ноември, во согласност со стратегијата за обновување на пазарниот удел усвоена од април.
„Осум земји учеснички одлучија да спроведат прилагодување на производството од 137.000 барели дневно“ за ноември, во споредба со нивоата на производство во октомври, соопшти ОПЕК.
Тоа е поумерено зголемување отколку што некои предвидуваа, а одлуката е донесена за да се избегне пад на цените поради послабата побарувачка.
ОПЕК дејствуваше претпазливо поради медиумските извештаи дека зголемувањето ќе биде 500.000 барели дневно, се вели во соопштението, додавајќи дека организацијата „оди по тенка линија помеѓу одржувањето на ценовната стабилност и враќањето на пазарниот удел“ во контекст на вишок понуда над побарувачката.
ОПЕК е составена од Саудиска Арабија, Русија, Ирак, Обединетите Арапски Емирати, Кувајт, Казахстан, Оман и Алжир.