
Групацијата за храна „Нестле“ денес објави дека се повлекува од глобалната алијанса за намалување на емисиите на метан, чија цел е да се намали влијанието на млечното производство врз глобалното затоплување.
Швајцарската компанија не кажа зошто се повлекува од организацијата, но рече дека ќе продолжи да работи на намалување на емисиите на штетни гасови, вклучително и метанот, во сите свои синџири на снабдување, објави „Ројтерс“.
„Нестле“ додава дека ќе се држи до својата обврска да достигне нето нулта емисија на штетни гасови до 2050 година.