Клубот БУМ ги поврзува успешните – фокус на финансирање преку пазарот на капитал

На 20 октомври 2025 година, во просториите на Македонска берза, се одржа редовен состанок на Клубот БУМ (Берзата и Успешните во Македонија).

Состанокот, на кој присуствуваа претставници од компаниите членки на Клубот, како и други заинтересирани компании кои изразија интерес за приклучување, понуди можност за размена на искуства и запознавање со успешни регионални компании кои своите развојни потреби ги финансиираат преку пазарот на капитал.

Во рамките на агендата на состанокот, присутните проследија две инспиративни презентации од гостите од Романија:

Stefan Musgociu, Business Development & Public Affairs, Bucharest Stock Exchange, кој го претстави романскиот пазар на капитал и улогата на Букурешката берза во комуникацијата со компаниите што одлучиле да ги финансираат своите развојни потреби преку пазарот на капитал.
Peter de Boer, Chief Executive Officer на DN Agrar, најголемиот производител на кравјо млеко во Романија и една од водечките интегрирани агро-прехранбени компании во регионот. Компанијата, основана во 2008 година, од 2022 година е котирана на Букурешката берза (BVB).

Клубот БУМ, кој брои дваесетина компании од различни сектори, започна со работа во јуни 2023 година. Неговата цел е да обезбеди стратешка поддршка на домашните компании за одржлив раст, размена на know-how и поттикнување на поврзување меѓу инвеститорите и компаниите преку пазарот на капитал.

Компаниите кои сакаат да станат членки на Клубот може да поднесат апликација на следниот линк: https://bum.mse.mk/