Европските акции пораснаа по серијата позитивни корпоративни квартални извештаи

– Акциите на европските берзи го завршија вчерашното тргување со пораст, првенствено затоа што трговците реагираа на серија позитивни квартални извештаи за корпоративната добивка.

Паневропскиот STOXX 600 порасна за 0,2 проценти, франкфуртскиот индекс DAX порасна за 0,1 процент, лондонскиот FTSE 100 порасна за околу 0,7 проценти, а францускиот CAC 40 остана стагниран, објави CNN.

Инвеститорите внимателно следеа серија квартални извештаи од европски компании, како што се Saab, ENI, Sanofi, Volvo и Porsche.