
Вредноста на акциите на европските берзи денес достигна рекорден еднодневен раст поради ублажувањето на трговските тензии меѓу САД и Кина.
Индикациите за одмрзнување на трговските односи меѓу овие две земји влијаеја на поголема подготвеност за поризично тргување, а индексот „STOXX 600“ на европските берзи денес се искачи на рекордни 576,37 поени, пренесува Ројтерс.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека САД и Кина ќе постигнат договор и дека очекува да се сретне со кинескиот лидер во Јужна Кореја подоцна во текот на неделата, каде што заеднички ќе ја утврдат рамката за трговскиот договор што беше дискутиран минатиот викенд.
Каматните стапки на Европската централна банка не очекуваат поголеми промени во текот на неделата.
Секторите кои најмногу добија на вредност на европските берзи се рударството и технологијата, чии индекси пораснаа за 1,1 процент, додека секторот за комунални услуги падна за 0,6 проценти.











