Минатата година, кога се повлече од фубалот, Дејвид Бекам заработи 47 милиони долари на и надвор од теренот, со што стана најплатениот фудбалер во светот.
Од својата плата заработи само пет милиони долари, а останатите 42 милиони се од дополнителни активности, пишува Бизнис Инсајдер.
Бекам добива зделки на кои останатите спортисти можат само да му подзавидат. Едни од најплатените се Armani и H&M
Заедно со Викторија се појавија и во неколку реални шоуа, како и на билборд за Armani
Во својата кариера има продадено повеќе од 10 милиони реплики на дресот.
Неговото богатство е проценето на 267 милиони долари.
Тој е оженет со Викторија Бекам.
Во 1999 година, на Викторија и подари свршенички прстен од 525.000 долари.
Како Бекамови ги трошат своите пари:
Нивниот имот во Беверли Хилс е поценет на 22 милиони долари, според Today Show
Според BBC, кога Бекам играл за PSG, тој отседнал во хотел каде една вечер чинела 20.000 долари.
Во 2003 година, кога потпиша договор со Реал Мадрид, купи вила од 12 милиони долари, според New York Times.
Daily Mail објави дека двојката го продала својот имот во Англија за 19,4 милиони долари.
Се зборува дека ја купиле и палатата на Версаче во Мајами вредна 41 милион долари.
Дејвид обожава и автомобили. Тој поседува повеќе од 20, вклучувајќи го и Бентлито и Ролс Ројсот вреден 400.000 долари.
Во 2008 година, за роденден на Викторија и подари винарија во Напа, објави Telegraph.
Бекам илјадници долари троши и на тетоважи