
Согласно член 38, точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза АД Скопје, компанијата ОИЛКО КДА – Скопје ја извести јавноста дека се стекнала со 383 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.
Со оваа трансакција, ОИЛКО КДА сега поседува вкупно 30.273 обични акции, што претставува 26,94% од вкупниот број на издадени акции на Макпетрол АД Скопје.
Просечната цена по која се тргува акцијата на Макпетрол изнесува 116.000 денари.











