Измени во Правилата за тргување на Македонска берза

Врз основа на добиено Решение бр.УП1 08-84 од 22.10.2025 година од Комисијата за хартии од вредност, на седницата на Одборот на директори на Берзата од 21.11.2025 година е извршена измена на Анекс 1 од Правилата за тргување на Македонска берза, со којашто се менува начинот на пресметка на дозволените горни и долни лимити на цената на акциите при пријавување на блок трансакции на Берзата.

Оваа измена на Правилата за тргување ќе започне да се применува од 26.11.2025 година.

Со Правилата за тргување на Македонска берза се регулира предметот на тргување на Берзата, работењето со налози за тргување (прием, менување, повлекување и одбивање на налози), начин на подредување и извршување на налозите во БЕСТ системот и видовите на налози.

Воедно, во Правилата за тргување се регулира и начинот на тргување со хартии од вредност, состојбата на хартиите од вредност во БЕСТ системот, фазите на тргувањето, прекинувачките аукции, вкрстените трансакции, видовите на сметки, ценовните ограничувања при тргувањето со хартии од вредност, временото прекинување на тргувањето со определена хартија од вредност, начинот на склучување, ревидирање и понуштување на трговските трансакции со хартии од вредност и постапувањето на Берзата во случај на дефект на БЕСТ системот.

Во рамките на Правилата за тргување, со посебни анекси се регулираат правилата за реализирање на блок трансакции (Анекс 1), јавни берзански аукции на акции во сопственост на државата (Анекс 2), понудување на примарна емисија на хартии од вредност преку Берзата (Анекс 3) и јавни берзански аукции на акции при продажба на големи пакети на акции (Анекс 4).

Пречистениот текст на Правилата за тргување може да ги најдете на следниот линк: https://mse.mk/mk/content/21/1/2008/trading-rules