Доларот ослабе, цените на нафтата малку пораснаа

Hа валутните пазари, вредноста на доларот во однос на кошничката на валути падна.

Индексот на доларот, кој ја покажува вредноста на американскиот долар во однос на другите шест најважни светски валути, утрово е околу 99,20 поени, додека вчера во ова време беше 99,44 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,75 на 155,70 јени.

Американската валута исто така ослабе во споредба со европската, па цената на еврото достигна 1,1640 долари, додека вчера во ова време беше 1,1610 долари.

Цените на нафтата, од друга страна, малку пораснаа, по вчерашниот пад. На лондонскиот пазар, цената на барелот утрово порасна за 0,10 проценти, на 62,50 долари, додека на американскиот пазар, цената на барелот се зголеми за 0,12 проценти, на 58,70 долари.