
Најактивен купувач на злато во октомври беше Полската централна банка, која се врати на пазарот по петмесечна пауза и додаде 16 тони во своите резерви.
Ова ги зголеми нивните резерви на благороден метал на 531 тони, односно 26 проценти од резервите. Нивната цел е да ги зголемат на 30 проценти.
Народната банка на Република Северна Македонија, во состав на девизните резерви, располага со околу 6,9 тони монетарно злато, со тековна пазарна вредност од околу 800 милиони евра. Златото се чува во Трезорот на Банката на Англија во алоцирана (асигнирана) форма и го сочинуваат маркирани златни прачки коишто во целост ги исполнуваат стандардите на пазарот на злато во Лондон (London Good Delivery Standard − прачки со содржина на злато од најмалку 99,5% или тежина од околу 400 фини унци, односно околу 12 кг).

Централните банки низ целиот свет купија нето 53 тони злато во октомври, најмногу од почетокот на годината, според податоците од здружението на рударски компании WGC.
Во октомври, централните банки ги зголемија купувањата за 36 проценти на месечна основа, пресмета WGC.
Сепак, темпото на купувања беше побавно отколку во септември, кога тие стекнаа 79 проценти повеќе злато отколку претходниот месец.
Следна е Бразилската централна банка, која ги зголеми своите резерви втор месец по ред, за 16 тони, приближно исто како и во септември. Сега тие чуваат 161 тони злато во своите трезори, чие учество е шест проценти во вкупните резерви.
Меѓу водечките купувачи во октомври, WGC ги наведува Узбекистан, со купување на девет тони, Индонезија, со четири тони и Турција, со три тони.
Чешката Република купи два тони злато во октомври, исто како и во септември и август, и го зголеми на 69 тони. Централната банка ги обновува своите резерви две и пол години и има намера да чува 100 тони злато во своите трезори до 2028 година.
Во периодот од јануари до октомври, централните банки купиле нето 254 тони злато, помалку отколку во претходните три години, веројатно поради повисоките цени, шпекулира WGC.
Најголем купувач во периодот од јануари до октомври била централната банка на Полска, и покрај петмесечната пауза, со купени 83 тони, двојно повеќе од второпласираната централна банка на Казахстан, соопшти WGC.
Народната банка на Србија има намера речиси да ги удвои своите резерви за пет години.
Србија исто така беше нето купувач на злато, со купени малку повеќе од четири тони, а централната банка има намера речиси да ги удвои своите златни резерви до 2030 година, од сегашните 52 тони на најмалку 100 тони, тврди WGC, а според изјавите на претседателот Александар Вучиќ. На крајот на октомври, златото сочинувало приближно една петтина од вкупните резерви.
Мадагаскар и Јужна Кореја, исто така, сигнализираа зголемување на залихите, според WGC, но не прецизираа временска рамка.
Според анкетата спроведена од WGC оваа година, 95 проценти од испитаниците очекуваат централните банки да ги зголемат резервите на злато и во наредната година.











