
Европските берзански индекси денес се во пораст, како и цените на златото, додека фокусот на инвеститорите е на мировните преговори за Украина и најновите податоци од Соединетите Американски Држави, кои ќе обезбедат дополнителни информации за Федералните резерви на САД (ФЕД) пред клучната одлука за каматните стапки на 10 декември.
Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,41 процент на 23.990,51 поени, францускиот CAC 40 за 0,21 процент на 8.110,40 поени, британскиот FTSE 100 за 0,26 проценти на 9.733,19 поени, а московскиот MOEX за 1,24 проценти на 2.689,16 поени.
Вредноста на американскиот берзански индекс Dow Jones падна за 0,07 на 47.850,94 поени пред денешното отворање, додека вредноста на индексот S&P 500 се зголеми за 0,11 проценти на 6.857,12 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,22 проценти на 23.505,14 поени.
Европските фјучерси за гас за јануари беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 27,215 евра за мегават-час.
Според моменталните податоци од берзата, цената на суровата нафта падна на 59.659 долари, а цената на нафтата од типот Брент се искачи на 63.294 долари.
Цената на златото се искачи на 4.225,84 долари за унца, а цената на пченицата падна на 5,3961 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).
Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,16594 долари, што е за 0,13 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето, пренесува Танјуг.











