
Согласно член 38 точка 1 од Правилата за котација на Македонската берза, компанијата ОИЛКО КДА – Скопје поднесе известување дека се стекнала со нови 92 обични акции од издавачот Макпетрол АД Скопје.
Со оваа трансакција ОИЛКО КДА во моментов поседува вкупно 31.321 обична акција, што претставува 27,87% од вкупниот број издадени акции на Макпетрол.
Со последното зголемување на сопственичкиот удел, ОИЛКО КДА дополнително ја зацврстува својата позиција како значаен акционер во Макпетрол АД Скопје.
Просечната цена по која се тргуваат денеска акциите на Макпетрол изнесува 115.002,00 денари.











