Вучиќ: Mercedes доаѓа во март, преговараме и со Ferrero

47

ferreroОчекуваме германската компанија Mercedes Benz до март да склучи соработка со најмалку една фабрика за автобуси во Србија. Во тек се и преговори со италијанскиот произведувач на чоколада Ferrero за инвестиции во земјоделието, изјави во интервју за Блумберг њуз првиот потпретседател на српската влада, Александар Вучиќ.

“Економската прогноза за 2014 година можеби е песимистична, но трошоците на задолжување на Србија сигурно нема да растат и економскиот раст ќе изнесува најмалку 1%, поттикнат со понатамошно јакнење на автомобилската индустрија, земјоделието и прехранбената индустрија, како и од запирање на падот на активностите во градежниот сектор”, вели Вучиќ за Блумберг, пренесува Танјуг.