Турската баклава доби европска ознака за квалитет

143

baklavaБаклавата со фстаци од југоисточна Турција е првиот турски производ што доби европска ознака за квалитет, објави Европската комисија.

Газиантеп баклавата е 16-ти производ кој не доаѓа од некоја од земјите членки на Европската унија што добива заштитен статус, вклучувајќи ги индискиот чај Дарџилинг и десет кинески производи.

Истовремено на листата заштитени производи на ЕУ влезе и грчкиот шери домат кој се одгледува на Санторини.

Оваа година и турското кафе беше вклучено во нематеријалната листа на културно наследство на УНЕСКО.