
Фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“ преку Македонската берза информираше за промена кај еден од своите акционери со значителен удел.
Компанијата „Настел ДООЕЛ“ го намали својот сопственички удел во фармацевтската компанија „Реплек АД Скопје“.
„Настел“ реализирал продажба на 20 акции. По оваа трансакција, компанијата сега поседува вкупно 15.123 акции, што претставува 5,83% од вкупниот број на издадени акции на „Реплек“.












