Комерцијална банка планира бруто-дивиденда од 1.350 денари

Управниот одбор на Комерцијална банка планира до Надзорниот одбор и до Собранието на акционери да достави Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за една обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350,00 денари.

Врз основа на финансискиот резултат утврден за 2025 година и Програмата на мерки и активности на деловната политика и финансискиот план на Комерцијална банка АД Скопје за 2026 година, усвоена на 29.01.2026 година од страна на Надзорниот одбор на Банката, Управниот одбор на Банката планира до Надзорниот одбор на Банката, а соодветно и до Собранието на акционери, да достави Предлог Одлука за распоредување на добивката со која ќе се исплати бруто-дивиденда во вкупен износ од 3.076.740 илјади денари, како и Предлог Одлука за определување на износот на дивиденда за 2025 година со која за 1 (една) обична акција ќе се предложи бруто-износ од 1.350,00 денари.

Предложениот бруто износ од 1.350,00 денари за 2025 година е за 8,0 % повисок во однос на дивидендата за 2024 година.