Европските индекси во пад, „потоп“ на цените на златото и среброто, загриженост на пазарите

Европските берзански индекси се во пад на почетокот на неделата, како и цените на нафтата и скапоцените метали, додека загриженоста за профитабилноста на големите инвестиции во вештачка интелигенција повторно владееше на пазарот, а инвеститорите сè повеќе го избегнуваат ризикот.

Цената на нафтата падна за повеќе од четири проценти откако последните изјави на американскиот претседател Доналд Трамп за Иран отворија можност за компромис меѓу Вашингтон и Техеран со кој би се избегнал воен конфликт, пренесува CNBC.

Биткоинот падна под 80.000 долари (околу 67.500 евра) во текот на викендот за прв пат од април, што се толкува како знак дека инвеститорите не сакаат да преземат дополнителен ризик по падот на златото и среброто.

Среброто, кое се зголеми повеќе од двојно во последните 12 месеци, падна за околу 30 проценти во петокот, што е најлошото еднодневно работење на металот од 1980 година, додека златото падна за околу девет проценти истиот ден.

Индексот DAX на Франкфуртската берза падна за 0,17 проценти на 24.474,96 поени, францускиот CAC 40 за 0,36 проценти на 8.098,69 поени, британскиот FTSE 100 за 0,38 проценти на 10.184,12 поени, московскиот MOEX за 0,76 проценти на 2.761,63 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс падна за 0,36 проценти на 48.892,47 поени, вредноста на индексот S&P 500 за 0,43 проценти на 6.939,03 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 0,94 проценти на 23.461,82 поени.

Европските фјучерси за гас за март беа продадени денес на отворањето на берзата TTF по цена од 37 евра за мегават-час.

Според моменталните податоци, цената на суровата нафта падна на 61.813 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 65.838 долари.

Цената на златото падна на 4.610,08 долари за тројанска унца, а цената на пченицата на 5,3165 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Форекс е 1,18580 долари, што е за 0,07 проценти повисока отколку на почетокот на тргувањето.