
Европската Унија има намера да воведе мерки против прекумерниот увоз на евтин суров шеќер за да ја ублажи ситуацијата на внатрешниот пазар и да ги заштити европските производители на шеќерна репка.
Според најавите на европскиот комесар за земјоделство, Кристоф Хансен, Европската комисија наскоро ќе презентира предлог за привремено запирање на увозот преку таканаречената „Постапка за увоз за преработка“ (IPP). (Inward Processing Procedure – IPP) е посебен царински режим кој им овозможува на компаниите да увезуваат суровини или полупроизводи од странство без да плаќаат царина и ДДВ, под услов тие материјали да бидат преработени во земјата и потоа повторно да се извезат како готови производи., пишува „Agrarheute“.
Оваа посебна постапка, која требаше да се користи за индустриска преработка, во последните години, како што истакнуваат експертите, се претвори во начин за увоз на евтин шеќер кој не ги исполнува европските социјални и еколошки стандарди.
Според достапните податоци, дури 470.000 тони суров шеќер и 135.000 тони бел шеќер влегле во ЕУ преку овој режим до август минатата година, од кои речиси 440.000 тони дошле од Бразил.
Увозот на IPP-шеќер речиси се дуплирал во последните пет години, а во економската 2024/25 година дури 587.000 тони биле увезени во ЕУ, што претставува повеќе од 70% од вкупниот увоз на суров шеќер во ЕУ.











