
Глобалното производство на ретки земни минерали се зголеми за пет години за 77 проценти, од 220.000 тони во 2019 година на 390.000 тони во 2024 година, покажа нов извештај на истражувачката агенција Cyclop.
Највредните елементи во оваа индустрија се неодимиум, празеодимиум, диспрозиум и тербиум, кои се користат за производство на трајни магнети, како што се неодимиум-железо-бор (Nd-Fe-B), кои се 10 пати посилни од обичните магнети.
На пример, офшор ветерните турбини можат да содржат до еден тон ретки земни метали, а употребата на трајни магнети ја намалува потребата од скапо одржување во споредба со копнените турбини, објавува порталот Trading View.











