
Европската компанија за производство на батерии ACC (Automotive Cells Company) се откажува од плановите за две големи фабрики за батерии во Италија и Германија, објави италијанскиот синдикат на металурзи UILM.
– Раководството на ACC ни потврди утрово она од што се плашевме долго време: Плановите на ACC за изградба на гигафабрика во Термоли дефинитивно се отфрлени, а истото важи и за Германија – објави синдикатот.
ACC, кој е поддржан од Stellantis, францускиот енергетски гигант TotalEnergies и Mercedes-Benz, беше конкурент на Northvolt и беше идентификуван од ЕУ како важен субјект за намалување на зависноста од Кина. Фабриките би биле лоцирани во Кајзерслаутерн, односно Термоли.
Забавувањето на транзицијата кон електрични возила на европскиот пазар силно влијае и на инвестициите. Производителите на автомобили сè повеќе се свртуваат кон хибриди, а електричната транзиција се забавува. Ова е најважната причина за напуштање на инвестициите.











