Бернар Арно го назначи својот син Антоан во извршниот одбор на LVMH

Извршниот директор на водечкиот светски конгломерат за луксузни стоки LVMH, Бернар Арно, го назначи својот син Антоан во извршниот одбор на компанијата.

Тоа е уште еден знак дека тој има намера неговите деца да играат важна улога во иднината на компанијата, објави Блумберг.

Антоан (48), кој е задолжен за имиџот и одржливоста во LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton SE, ќе им се придружи на својот татко и сестра Делфин (50) во одборот, се вели во соопштението.