„Реплек“ со промени во акционерската структура: Компанијата „Ситко Антонио“ го зголеми својот удел

Фармацевтскиот гигант „Реплек АД Скопје“ преку Македонска берза информира за нови промени во акционерската структура на компанијата, каде еден од поголемите акционери го зголемил својот сопственички удел.

Акционер со над 5% односно компанијата ДРУШТВО ЗА ТРГОВИЈА И УСЛУГИ СИТКО АНТОНИО ДООЕЛ СКОПЈЕ кое е поврзано лице со Антонио Георгиевски – Претседател  на Надзорниот одбор на Реплек АД Скопје се стекна со 50 нови акции, со што поседува вкупно 16.600 или 6,40% од вкупниот број на акции